вторник, 31 март 2026

Јеменските бунтовници нападнаа складиште со нафта во саудискиот град Џеда (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека мета на нападот била станица за дистрибуција на нафтени деривати на Арамко во Џеда, но дека пожарот во двата резервоари во нафтениот објект е ставен под контрола.

Во соопштението на коалицијата се наведува дека нема жртви во нападот.

Претходно државната телевизија на Саудиска Арабија јави дека имало „непријателска операција“ насочена против складиште на нафта во Џеда пред трката на Формула 1.

Воениот портпарол на Хутите Јахја Сереа изјави дека јеменските бунтовници нападнале со ракети објекти на саудискиот државен нафтен гигант Сауди Арамко во пристанишниот град, а рафинериите Рас Танура и Рабиг со беспилотни летала.

Тој додаде дека мета на нападот биле и витални објекти во саудиската престолнина Ријад.

Индустриското депо се наоѓа југоисточно од меѓународниот аеродром во Џеда, клучниот центар за доаѓањето на аџиите во Мека.

Нападите се случуваат додека Саудиска Арабија продолжува да ја предводи коалицијата која се бори против Хутите поддржани од Иран, а кои ја зазедоа јеменската престолнина Сана во септември 2014.

Кралството, кое влезе во војната во Јемен во 2015 година, беше меѓународно критикувано поради воздушните напади во кои загинаа стотици цивили, што Хутите го истакнуваат кога ја гаѓаат Саудиска Арабија со проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ