сабота, 11 април 2026

Јеил: Русија воспостави мрежа од 200 кампови за „перење мозок“ на украински деца

Русија управува со мрежа од повеќе од 200 кампови каде што украинските деца се подложени на програми за „перење мозок“, превоспитување, русификација и милитаризација, според новиот извештај на Центарот за хуманитарни истражувања при Школата за јавно здравје на американскиот универзитет Јеил.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Објектите, лоцирани низ Русија и делови од Украина кои моментално се под руска контрола, вклучуваат кампови, училишта, воени бази, медицински установи, верски објекти и универзитети, објави Гардијан.

Од почетокот на воениот конфликт во 2022 година, украинските деца се носени во овие објекти, каде што се изложени на програми кои вклучуваат патриотска индоктринација, борбени вежби, обука за падобранство и часови за склопување беспилотни летала за потребите на руските вооружени сили, се додава во документот.

Во извештајот се вели дека најмалку 130 кампови се вклучени во програми за превоспитување, во рамките на кои децата се изложени на проруски наративи.

Исто така, најмалку 39 објекти спроведуваат програми за милитаризација, каде што децата, вклучително и оние на возраст од осум години, поминуваат обука за оружје и натпревари во фрлање бомби.

Истражувањето, исто така, покажува дека најмалку 39 објекти се вклучени во програми за милитаризација, каде што децата, дури и на возраст од осум години, поминуваат обука за ракување со оружје, натпревари во фрлање гранати и курсеви за тактичка медицина.

„Она што го имаме тука е невидена мрежа на објекти, изградена и проширена од 2014 година, со цел да се претворат украинските деца во Руси“, рече Натаниел Рејмонд, директор на Центарот за хуманитарни истражувања.

Тој додаде дека тоа претставува систем за „превоспитување, перење мозок и претворање на децата во војници“.

Истражувачите користеле отворени извори, вклучително и руски публикации, како и сателитски снимки со висока резолуција, со потврда за присуство на деца од најмалку пет независни извори, соопштија од Универзитетот Јеил.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ