недела, 7 декември 2025

Јапонската Железна дама ја презема власта: Санае Такаичи станува прва жена премиер

Конзервативката Санае Такаичи денес беше избрана за прва жена премиер во Јапонија од страна на парламентот на земјата, што претставува историски момент за патријархалната земја каде што и во политиката и на работните места доминираат постари мажи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа 64-годишна конзервативна лидерка, позната како јапонската Железна дама и обожавателка на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, ја презема функцијата претседател на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) по два неуспешни обиди.

Нејзиниот избор доаѓа во време кога партијата се справува со скандали поради кои се сменија четири премиери за само пет години.

Санае Такаичи, штитеничка на покојниот поранешен премиер Шинзо Абе, припаѓа на тврдокорната струја на ЛДП. Таа долго време е позната како цврст конзервативец која се спротивставува на истополовите бракови и законите што би им дозволиле на брачните парови да имаат различни презимиња.

Таа исто така зазеде цврст став во врска со имиграцијата, ветувајќи дека ќе се справи со посетителите и имигрантите кои ги кршат правилата.

Родена во 1961 година во префектурата Нара, политиката не била дел од нејзиното растење. Таа била страстен тапанар на хеви метал во младоста, а политичка инспирација нашла во 1980-тите за време на трговските тензии меѓу САД и Јапонија. Таа освои место во парламентот со ЛДП во 1996 година.

Такаичи се соочува со голем број предизвици, вклучувајќи ја борбата со забавувањето на економијата, справувањето со нестабилните односи меѓу САД и Јапонија и клучната задача обединување на владејачката партија потресена од скандали и внатрешни судири.

Јапонските акции достигнаа нови рекордни максимуми пред потврдата на Такаичи за нов премиер. Индексот Никеи 225 порасна за околу 1,5 проценти на повеќе од 49.900 поени.

Инвеститорите ги поздравија нејзините планови за зголемување на владините трошоци, намалување на даноците и притисок врз централната банка да го забави растот на каматните стапки. Сепак, некои изразија загриженост дека зголемената потрошувачка и пониските даночни приходи ќе значат и поголем државен долг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ