петок, 23 јануари 2026

Јапонија оди во предвремени избори, актуелната премиерка има 90% поддршка од младите

Долниот дом на јапонскиот парламент беше формално распуштен денес по иницијатива на премиерката Санае Такаичи, која се надева дека ќе ја искористи својата популарност на предвремените парламентарни избори, додека воедно се бори и со упорно високата инфлација. Распуштањето на парламентот, за кое одлучи Такаичи, која стана првата жена премиер во Јапонија во октомври, го отвора патот за предвремени парламентарни избори на 8 февруари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ултранационалистичката лидерка смета на добрите анкети на јавното мислење во обид да ги подобри резултатите на својата Либерално-демократска партија (ЛДП, десничарски националисти), бидејќи владејачката коалиција има само тесно мнозинство во парламентот. Главното прашање на изборите е економијата во земјата која во последните три и пол години се бори со растечките трошоци за живот и хронично слабиот јен што ги поскапува увезените стоки.

Незадоволството на јавноста од инфлацијата во голема мера придонесе за падот на Шигеру Ишиба, претходникот на Санае Такаичи. Во обид да ја увери јавноста, централната банка во ноември претстави пакет стимулативни мерки во вредност од 117 милијарди евра за помош на домаќинствата и бизнисите, вклучувајќи субвенции и грантови.

Јапонија исто така има голем долг за кој се очекува да надмине 230 проценти од БДП во фискалната 2025 година. Аналитичарите проценуваат дека изборите ќе бидат тесни и дека одлучувачки фактор ќе бидат младите. Владата на Такаичи доби околу 90 проценти поддршка кај оние под 30 години во анкета објавена кон крајот на декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ