недела, 15 март 2026

Јапонија најверојатно ќе воведе санкции против Русија, можна е и забрана за продажба на чипови

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на третата светска економија да му се придружи на својот американски сојузник и другите членки на Г7 во заканата со економски санкции доаѓа откако Путин им нареди на своите сили да влезат во одметничките региони во источна Украина кои Русија сега ги признава како независни држави.

Забраната за јапонскиот технолошки извоз во Русија би била поширока од онаа воведена во 2014 година по окупацијата на украинскиот полуостров Крим, а Токио исто така размислува за воведување санкции на руските банки, објави Јомиури.

Јапонските владини претставници сè уште не ја коментирале информацијата.

Јапонија во минатото заземаше помек став кон Русија отколку САД, а голем број јапонски лидери се обидоа да му се додворат на Путин за да ѝ ги врати на Јапонија северните острови окупирани по Втората светска војна. Јапонија е исто така голем купувач на руски гас.

Сепак, во последно време, Токио покажа зголемена загриженост поради руските воени активности во Источна Азија како и поради зајакнувањето на безбедносната соработка со Кина.

Иако Јапонија веќе не е голем глобален извозник на чипови, земјата останува клучен производител на специјални електронски компоненти и доминира во многу други области на висока технологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ