петок, 2 јануари 2026

Јапонија: Десет лица загинаа откако потона туристички брод

Објавено на

часот

Сподели

Тие велат дека потрагата продолжува во студените води по 16 други лица кои биле на бродот Казу 1.

Екипажот успеал да сигнализира дека бродот се превртува под агол од 30 степени и почнува да тоне, јавија јапонските медиуми.

Веднаш биле испратени патролни чамци, полициски и воени авиони да го пронајдат бродот. Во акцијата за пребарување учествувале и локалните рибари со чамци.

Од 26-те лица во бродот, двајца биле членови на екипажот имало и две деца.

Брановите во областа биле високи и локалните рибарски чамци очигледно решиле да се вратат во пристаништето.

Наводно, екипажот изјавил дека сите лица во бродот носеле елеци за спасување.

Но во текот на ноќта температурите во таа областа може да се спуштат и до 0 Целзиусови степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ