понеделник, 30 март 2026

Јанукович го повика Зеленски да постигне договор „по секоја цена“

Објавено на

часот

Сподели

„Многу добро знам дека имаш многу ‘советници’, но лично ти си должен по секоја цена да го запреш крвопролевањето и да постигнеш мировен договор. Ова се очекува од тебе во Украина, Донбас и Русија“, се вели во апелот.

Јанукович, кој во моментов живее во егзил во Русија, рече дека украинскиот народ и западните партнери на Киев би биле благодарни за таквиот чекор.

„Сакам да му се обратам на Владимир Зеленски на претседателски, па дури и малку татковски начин. Владимир Александрович, веројатно сонуваш да станеш вистински херој! Но херојството не е екстравагантно, тоа не е во борењето до последниот Украинец. Тој е во самопожртвуваноста, во победата над сопствената гордост и амбиции заради спасување на животите на луѓето“, рече експретседателот.

„Од твојот прв ден вети дека ќе ја прекинеш војната во Украина и затоа цела Украина те поддржа. Можеше да станеш претседател на светот, но, за жал, тоа не се случи“, рече Јанукович.

Виктор Јанукович во февруари 2014 побегна од Украина од демонстрантите на Евромајдан, по што беше соборен во украинскиот парламент.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ