вторник, 31 март 2026

Јанша: Руското бомбардирање би можело да поттикне голема хемиска катастрофа

Објавено на

часот

Сподели

„Загрижени сме кога гледаме дека руските сили бомбардираат хемиски фабрики и слични објекти, што може да предизвика катастрофа од големи размери“, кажа Јанша.

Додаде дека не мисли дека руската војска намерно ќе користи хемиско и биолошко оружје од тактички причини и дека смета дека тоа е „прилично неразумно“.

Литванскиот премиер Гитанас Науседа пред самитот изјави дека веројатно како одговор на руската закана во својата држава ќе го зголеми трошењето за одбрана на 3 отсто од БДП во следните неколку години.

„Во моментов никој не е безбеден“, кажа тој алудирајќи на можен руски напад на територијата на НАТО. „Тоа би можела да биде Полска или балтичките земји. Никој во Европа, дури ни оние држави кои се далеку од границата со Русија, во моментов никој не е безбеден“.

Естонската премиерка Каја Калас кажа дена НАТО би требало да ги засили напорите за прекин на војната во Украина.

„Мислам дека мораме да ги удвоиме напорите – (рускиот претседател Владимир) Путин не смее да победи во оваа војна“, кажа Калас.

„Шефот на Кремљ презема чекори со кои сака да нè заплаши и да нè одврати од желбата да продолжиме да ѝ помагаме на Украина или да преземаме понатамошни чекори.

Никако не смееме да паднеме во таа замка – мораме да го сопреме воениот злосторник“, кажа естонската премиерка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ