„Пред сè, таа посета беше демонстрација дека не сме ја отпишале Украина“, истакна Јанша, додавајќи дека бројни дипломати, претставници на меѓународните организации и корпорации од украинската престолнина се повлекле уште пред нападот на Русија на Украина.
„За нив тоа беше знак дека не се отпишани, дена не станува збор само за поддршка од далеку туку дека некој верува дека тие ќе се одбранат и ќе победат“, додаде Јанша. Според него, нападите на центарот на Киев се релативно ретки и градот не е опколен. „Киев се напаѓа од исток и од запад, но силите кои го напаѓаат градот се преслаби за да го заземат. Руската војска никогаш нема да го освои Киев“, оцени словенечкиот премиер.
Тој ја повтори идејата за воведување зона на забранети летови над Украина за да се олесни одбраната на Украинците од руската агресија, иако НАТО ја отфрли таа идеја бидејќи би довела до отворен судир со Русија. Јанша тврди дека таа идеја веќе ја поддржале три држави членки на НАТО и дека е уверен дека поддршката на тој предлог ќе расте.






