Израел во декември минатата година нареди 37 меѓународни организации, вклучувајќи ги Лекари без граници и Норвешки совет за бегалци, да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не се согласат со новите услови, вклучувајќи предавање на список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно да ја поништи таа одлука, тврдејќи дека тоа ќе доведе до ужасни хуманитарни последици.
Судот сега издаде привремена пресуда со која им дозволува на организациите да ги извршуваат повеќето активности сè додека не се реши нивното барање.
Организациите веруваат дека објавувањето на имињата на палестинскиот персонал би ја загрозило нивната безбедност, со оглед на тоа што стотици хуманитарни работници се убиени и ранети во војната во Газа.
Израел,сепак, вели дека тоа е неопходно за да се спречи палестинските вооружени групи да ја злоупотребуваат хуманитарната помош.






