Во објава на мрежата Икс денес, Смотрих изрази „голема радост“ поради претстојното враќање на израелските заложници, но и „голема загриженост“ поради ослободувањето на палестинските затвореници. Тој рече дека чувствува „огромен страв“ од последиците на „празнењето на затворите и ослободувањето на следната генерација терористички лидери кои ќе сторат сè што можат за да продолжат да пролеваат еврејска крв тука“.
Поради таа причина, рече тој, не можел да се придружи на прославата откако Израел и Хамас вчера се согласија за првата фаза од планот на Трамп.
Израелската влада треба да се состане денес попладне за да ги разгледа условите на договорот и формално да го одобри, објави Тајмс оф Израел, повикувајќи се на канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Се очекува предложеното примирје во Појасот Газа да стапи на сила дури по состанокот. Првично не беа достапни официјални информации за следните чекори по постигнатиот договор во текот на ноќта.






