четврток, 9 април 2026

Израелски министер: Примирјето е грешка. Такви држави мора да се „фрлат“ на колена

Израелскиот министер за дијаспора Амихај Чикли, член на владејачката партија Ликуд, во интервју за радио 103 изјави дека е „грешка“ да се склучи примирје со Иран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

“Мислам дека е грешка да се оди на примирје во овој момент. Такви држави, како Јапонското Царство или нацистичка Германија, мора да се фрлат на колена”, рече Чикли. Тој оцени дека постојат „50 проценти шанси“ примирјето да опстои.

Во исто време, тој ги пофали резултатите од војната и тврдеше дека само „левичарските коментатори во Соединетите Американски Држави, Израел и остатоците од Револуционерната гарда“ тврдат дека Израел загубил. „Иран го изгуби статусот на регионална сила“, рече Чикли, додавајќи дека неговата Оска на отпорот „се урна“.

„Гледам дали постигнавме големи успеси, дали создадовме нова реалност на север, на границата со Газа, на Блискиот Исток? Одговорот е да, да и да“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ