сабота, 13 декември 2025

Израелски министер ги повика Евреите да се иселат од Њујорк поради победата на Мамдани

Изборот на Зохран Мамдани за градоначалник на Њујорк предизвика остри реакции од израелските власти, а министерот за прашањата на дијаспората и антисемитизмот Амихај Чикли ги повика Евреите да се иселат од градот, кој, според него, „ги предал клучевите на поддржувачите на Хамас“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Град кој некогаш беше симбол на слободата за целиот свет, штотуку им ги предаде своите клучеви на поддржувачите на Хамас“, напиша Чикли на платформата Икс. „Њујорк никогаш повеќе нема да биде ист, особено за неговата еврејска заедница“, рече тој, повикувајќи ги „Евреите од Њујорк сериозно да размислат да ја направат Земјата Израел свој нов дом“.

На неговиот став се придружи и министерот за безбедност Итамар Бен-Гвир, кој го нарече новиот градоначалник антисемит. „Антисемитизмот преовлада над здравиот разум. Мамдани е поддржувач на Хамас, непријател на Израел и отворен антисемит“, рече Бен-Гвир, објави Анадолу.

Критики пристигнаа и од израелската опозиција. Лидерот на десничарската националистичка партија Авигдор Либерман изјави дека „Њујорк избра расист, популист и отворен шиитски исламист за свој градоначалник“.

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и израелското Министерство за надворешни работи сè уште не ги коментираа резултатите од изборите во Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ