сабота, 20 декември 2025

Израелската војска упадна на неколку бродови од меѓународната флотила во Газа, уапсена е Грета (ВИДЕО)

Израелските војници ја пресретнаа меѓународната флотила која се обидуваше да достави лекови и храна во Појасот Газа. Војниците упаднале на бродовите додека тие се приближувале кон енклавата, соопштија организаторите на мисијата.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Флотилата, која се состои од повеќе од 40 цивилни бродови, транспортира околу 500 парламентарци, адвокати и активисти. Планирала да ја пробие израелската блокада на Газа. Израелците ја започнаа операцијата кога флотилата била на околу 90 наутички милји од енклавата.

Досега се пресретнати 21 брод, објави флотилата на Икс. 23 брода сè уште пловат, но се очекува наскоро и тие да бидат пресретнати.

Израелската влада, која го нарече обидот на флотилата да транспортира хуманитарна помош до воено разорената Газа „провокација“, објави дека „Грета и нејзините пријатели се безбедни и здрави“.

„Грета и нејзините пријатели се живи и здрави“, пишува во пораката на министерството на Икс, заедно со кратко видео на кое се гледа како шведската активистка Грета Тунберг враќа лични работи, вклучително и шапка со глава на жаба, опкружена со вооружени мажи.

Израел објави дека активистите од флотилата, која Израел ја нарекува „Хамас-Сумуд“, на своите јахти „пловат безбедно и мирно кон Израел, каде што ќе започнат процедурите за нивна депортација во Европа“. Сите се безбедни и во добра здравствена состојба, според израелското Министерство за надворешни работи. Грета Тунберг е исто така на фотографијата.

Израелските сили синоќа ја презедоа контролата врз Адара, еден од бродовите во флотилата што носеше хуманитарна помош за Газа. Бродот го превезувал и српскиот студент Огњен Марковиќ, чија претходно снимена порака била објавена на Икс од студенти од Факултетот за ликовни уметности во Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ