Тој на социјалната платформа Икс напиша дека планираното освојување на најголемиот град во Појасот Газа ќе доведе до смрт на заложници, како и до смрт на многу израелски војници.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху е под притисок од своите крајно десничарски коалициски партнери Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрих, и покрај приговорите од военото раководство, додаде Лапид.
Двајцата крајно десничарски министри се залагаат за идејата за целосна окупација на Појасот Газа и протерување на околу два милиони Палестинци кои живеат таму.
Безбедносниот кабинет го одобри планот за преземање на контролата врз градот Газа рано утрово.
Пред почетокот на состанокот, Нетанјаху за американскиот Фокс њуз изјави дека Израел сака да ја заземе целата крајбрежна енклава, но нема намера трајно да ја окупира областа, туку само да ја ослободи од исламистичката организација Хамас и со време да ја предаде на други за управување.






