недела, 7 декември 2025

Израелска војска: Убивме четворица терористи кои излегоа од тунел во Газа

Четворица Палестинци беа убиени во ноќните судири во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти денес израелската војска, нарекувајќи ги „терористи“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелските сили „елиминираа четворица терористи кои излегоа од подземна инфраструктура“, се вели во извештајот.

Тие беа убиени во операција координирана со израелските воздухопловни сили, се вели во соопштението.

Израелските медиуми објавија дека десетици вооружени членови на Хамас се заробени во тунел во област контролирана од Израел според сегашното примирје.

Разговорите за тоа да им се дозволи слободен премин на борците на Хамас беа неуспешни, се наведува во извештаите.

Израелската војска соопшти дека „ќе продолжи да дејствува за да ја елиминира секоја непосредна закана“.

Прекинот на огнот во војната во Појасот Газа стапи на сила на 10 октомври годинава.

Оттогаш, во регионот се убиени повеќе од 350 Палестинци, според здравствените власти контролирани од Хамас.

Исто така, беа убиени и неколку израелски војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ