понеделник, 15 декември 2025

Израелците организираа свој „Конвој на слободата“ против ковид мерките по примерот на Канада (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Други демонстранти стоеја на надвозниците и на крстосниците додека минуваше таканаречениот „Конвој на слободата“. Од возилата се вееја израелски и канадски знамиња и транспаренти.

„Слободата не изгледа вака“, пишуваше на транспарент со фотографија на девојка со маска. Демонстрантите пред парламентот свиреа и тропаа и повикуваа на укинување на мерките за ограничување во пандемијата.

[video:https://youtu.be/-G6nzMDBYYY autoplay:0]

„Сите тука се собравме поради слободата. Оваа толпа луѓе веќе две години збеснува од сите мерки и сите нешта кои не ни дозволуваат да живееме слободни какви што сме родени“, кажа еден демонстрант.

Израел неодамна престана да бара потврда за вакцинирање за влез во рестораните, кино-салите, салите за вежбање и хотелите бидејќи почна да се намалува бројот на дневно заразени со омикрон. Но маските се сè уште задолжителни во јавните затворени простори, вклучувајќи ги училиштата, продавниците и здравствените установи.

[video:https://youtu.be/Jrkukk1yTlY autoplay:0]

„Конвојот на слободата“ во Канада од крајот на јануари ја парализира престолнината Отава. Демонстрациите се предводени од камионџиите кои се противат на задолжителното вакцинирање, односно задолжителниот карантин за невакцинираните возачи на камиони кои ја минуваат границата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ