„Пред некое време, ИДФ започна бран напади од големи размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот терористички режим во западен Иран“, се вели во соопштението на армијата.
Израелските власти пријавија неколку ракетни напади од Иран врз Израел во текот на ноќта и утрово.
Од 28 февруари, кога Израел и САД започнаа голема офанзива против Иран, ИДФ пријави уништување на ракетни лансери и друга воена инфраструктура во западен Иран.






