вторник, 31 март 2026

Израел воведе смртна казна за Палестинците од Западниот Брег

Израелскиот парламент денес усвои закон со кој се воведува смртна казна за Палестинците осудени за убиство на Израелци, што е голема победа за крајната десница во земјата, која водеше интензивна кампања за тоа.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Бенјамин Нетанјаху лично дојде во парламентот за да гласа за усвојување на законот.

Според неговите одредби, Палестинците од Западниот Брег кои ќе бидат осудени за убиство од национална основа следува – ќе се соочат со бесење.

Доколку осуденото лице е израелски државјанин, судот одлучува дали да го осуди на смрт или доживотен затвор.

Законот не е ретроактивен и ќе се применува само во иднина.

Оваа регулатива беше жестоко критикувана и од палестинските и од израелските организации за човекови права, сметајќи ја за расистичка и драконска, тврдејќи дека нема да ги одврати палестинските напаѓачи.

Се очекува законот да биде оспорен пред Врховниот суд на Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ