среда, 1 април 2026

Израел: Убивме клучен инженер на Иранската револуционерна гарда

Израелската војска објави дека клучен инженер на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), поврзан со елитните сили Кудс, е убиен во напад во централен Иран.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според ИДФ, во вчерашниот напад во градот Махалат е убиен Махди Вафаеи, кој бил задолжен за инженерство во рамките на либанскиот корпус на силите Кудс.

Израелската војска тврди дека Вафаеи работел повеќе од две децении на развој на подземни проекти во Либан и Сирија. Според нив, тој учествувал во „десетици подземни проекти во Либан кои биле користени за складирање напредно оружје“.

Иран сè уште не ги коментирал овие тврдења.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ