среда, 14 јануари 2026

Израел: Телото што ни го врати Хамас не е на мајката на двете момчиња

Едно од четирите тела што вчера беа вратени од Газа во Израел не е на заложничката Шири Бибас, како што тврдеше Хамас, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Веста дека Шири Бибас (33) и нејзините синови Ариел и Кфир, кои сега би имале пет и две години, се мртви, предизвика бран тага во Израел. Возилата на Црвениот крст презедоа четири црни ковчези со фотографии во Појасот Газа, а Хамас ги изложи ковчезите на сцена пред да ги предаде.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) го информираа семејството Бибас дека телата на синовите на Шири се идентификувани откако Хамас вчера ги предаде нивните останки на Израел. Сепак, третото тело не е на нивната мајка, соопшти ИДФ. Тие бараат враќање на нејзиното тело со преостанатите заложници. Хамас сè уште не го коментираше тврдењето на Израел.

„За време на процесот на идентификација, беше утврдено дека телото што е примено не е на Шири Бибас, ниту пак се совпаѓа со некој друг заложник. Станува збор за анонимно, неидентификувано тело“, објави ИДФ на платформата Икс.

„Терористичката организација Хамас исклучително сериозно го прекрши договорот. Тие беа обврзани да ги вратат четворицата починати заложници. Бараме Хамас да ја врати Шири дома со сите наши заложници“, рекоа тие.

ИДФ соопшти дека две деца биле брутално убиени од терористи во заробеништво во ноември 2023 година, според разузнавачките и форензичките наоди. Хамас претходно тврдеше дека момчињата и нивната мајка биле убиени во израелските бомбардирања.

Шири (32), Ариел (4) и Кфир (девет месеци) Бибас беа киднапирани за време на нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Таткото на децата, Јарден Бибас (34), беше ослободен од заробеништво на Хамас на 1 февруари. Израел потврди дека четвртото тело вратено вчера било на долгогодишниот мировен активист Одед Лифшиц.

Предавањето на телата на заложниците беше договорено како дел од договорот за прекин на огнот кој стапи на сила на 19 јануари, а Израел потврди дека очекува вкупно осум тела. Разговорите за преминување во следната фаза од договорот, во која ќе бидат ослободени преостанатите живи заложници и трајно ќе заврши војната, требаше да започнат на почетокот на овој месец, но сè уште не се одржани. Досега се разменети 28 заложници и повеќе од 1.000 затвореници.

Шеесет и шест заложници земени на 7 октомври сè уште се во Газа. Покрај нив се држат уште тројца заложници, киднапирани пред повеќе од десет години. Се верува дека приближно половина од сите заложници кои сè уште се во Газа се живи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ