недела, 11 јануари 2026

Израел отворено ги поддржа протестите против режимот во Техеран

Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар, денеска изрази поддршка за демонстрантите во Иран.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој во видео објава на социјалната мрежа Икс наведе дека Израел им посакува успех на Иранците кои протестираат.

„Ја поддржуваме нивната борба за слобода. Мислиме дека тие ја заслужуваат. Мислиме дека тие заслужуваат подобра иднина. Немаме непријателство кон народот на Иран“, изјави Сар.

Додаде дека режимот во Иран претставува меѓународен проблем.

„Имаме голем проблем, кој не е само наш проблем, туку регионален и меѓународен проблем, а тоа е иранскиот режим, кој е најголемиот извозник на тероризам и радикализам во светот“, рече Сар.

Протестите низ Иран започнаа кон крајот на декември минатата година, како израз на незадоволството на трговците од рекордно високата девалвација на домашната валута во однос на американскиот долар.

Главна тема на протестот наскоро стана целиот систем.

Протестите се проширија низ целата земја, а демонстрантите почнаа да бараат промена на режимот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ