„Со падобрани им доставивме околу седум тони вода на израелските војници во градот Кан Јунис. Системот за „наведувано снабдување“ е напреден оперативен систем кој овозможува доставување опрема на копнените сили преку падобрани и со користење прецизна навигациска технологија“, порача ИДФ.
„Станува збор за прва таква оперативна употреба на системот од Втората либанска војна. За достава користевме товарен авион „шимшон““, се додава во соопштението.