понеделник, 30 март 2026

Израел и Украина негираат дека имало убедување Зеленски да ги прифати условите на Путин

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер Нафтали Бенет разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во извештајот кој го пренесоа израелски Вала љуз, Џерусалим пост и американски Аксиос се сугерираше, повикувајќи се на анонимен украински функционер, дека Бенер побарал од Украина да ѝ попушти на Русија.

Израел, „како и другите посреднички земји, не ѝ нуди на Украина да се согласи на какви било барања на Руската Федерација“, порача украинскиот советник Михајло Подољак на Твитер.

„Тоа е невозможно од воени и политички причини. Напротив, Израел ја повикува Русија посоодветно да ги процени настаните“, објасни тој. Висок израелски функционер, кој побарал да остане анонимен поради чувствителноста на проблемот, извештајот го нарече „очигледно лажен“.

„Во ниеден момент премиерот Бенет не го советувал претседателот Зеленски да склучи договор со Путин – бидејќи таков договор не му е понуден на Израел за да можеме тоа да го направиме“, кажа функционерот.

„Бенет во ниеден момент не му кажал на Зеленски како да постапи, ниту пак намерава тоа да го направи“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ