Министерот за здравство Ракан Насередин изјави дека има „стотици мртви и ранети“ по нападот во средата, објави ННА.
Нападите вклучуваат едни од најобемните израелски напади врз центарот на Бејрут во последните децении. Воздушни напади погодија најмалку три области во центарот на Бејрут, вклучувајќи и напад во близина на централното шеталиште на брегот, според анализата на видеото на Си-ен-ен.
🔴 Intense Israeli strikes hit Lebanon. pic.twitter.com/XPHlbojaY5
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) April 8, 2026
Градскиот дел на Бејрут, кој претежно е сунитски и христијански, ретко е цел на израелските напади.
Дописник на Анадолу изјави дека нападите биле насочени кон станбени населби со мнозинско сунитско население, што значи дека тие се надвор од областите контролирани од Хезболах.
Друго видео прикажува срушена зграда во западен Бејрут, од која се издигаат густи облаци од црн чад кон небото. Сирените за итни случаи се огласуваат речиси непрекинато откако започнаа нападите, објавија репортерите на Си-ен-ен на терен.
Breaking: Initial reports say the death toll in Beirut has risen to 500 following Israeli airstrikes. 🚨 pic.twitter.com/6KKFZBuBSl
— TIMES OF GAZA (@Timesofgaza) April 8, 2026
Израелската армија нападна повеќе од 100 локации „во рок од десет минути“ во Либан, во најголемиот координиран напад од почетокот на тековната офанзива во земјата, објави војската денеска, пренесува Анадолу.
Во соопштението на војската се вели дека нападите биле насочени кон локации поврзани со Хезболах во неколку области, вклучувајќи ги Бејрут, долината Бека и јужен Либан.
Војската тврди дека целите вклучувале командни и контролни центри и друга инфраструктура што се користи за напади врз израелски цели.
Хезболах сè уште не ги коментираше израелските тврдења.
Либанскиот премиер: Ги молам пријателите да ги запрат израелските напади
Либанскиот премиер Наваф Салам ги повика „сите пријатели на Либан“ да ги запрат израелските воени акции во земјата „со сите расположливи средства“ по големиот бран воздушни напади.
Во објава на социјалните мрежа Икс, тој напиша: „Израел продолжува да ги проширува нападите што погодуваат густо населени станбени области, убивајќи невооружени цивили во различни делови на Либан, особено во главниот град Бејрут“.
في حين رحّبنا بالاتفاق بين إيران والولايات المتحدة الأميركية، وكثّفنا جهودنا للتوصّل إلى اتفاق لوقف إطلاق النار في لبنان، تواصل إسرائيل توسيع اعتداءاتها التي طالت أحياء سكنية مكتظّة، وراح ضحيتها مدنيون عزّل، في مختلف أنحاء لبنان، ولا سيّما في العاصمة بيروت، غير آبهة بكل المساعي…
— Nawaf Salam نواف سلام (@nawafsalam) April 8, 2026
Неговиот апел уследи по соопштението на израелската војска (ИДФ), во кое се наведува дека ги извршила „најголемите напади“ низ Либан од почетокот на операцијата против Хезболах.
Салам рече дека потезите на израелската војска покажуваат „целосно непочитување“ на меѓународното право, додавајќи: „Сите пријатели на Либан се повикани да ни помогнат да ги запреме овие напади со сите расположиви средства“.






