петок, 12 декември 2025

Израел ги укинува ковид-потврдите

Објавено на

часот

Сподели

Од понеделник, луѓето со ковид-потврда ќе треба да докажат дека се вакцинирани или дека се опоравиле само ако присуствуваат на големи настани како што е свадба.

Тоа значи дека секој може да оди во ресторани, кина, хотели и дека не мора да покажува потврда дека е негативно тестиран. Промената на правилата, исто така, значи дека кога луѓето ќе го напуштат Израел невакцинирани повеќе не мора да покажуваат дека биле негативно тестирани.

Правилата се ублажени и покрај фактот дека во болниците има повеќе од 1.200 заболени, што е најголем број од почетокот на пандемијата во земјата со 9,4 милиони жители. Според податоците на министерството за здравство 1.250 пациенти се тешко болни.

Бранот на варијантата на коронавирусот омикрон го достигна врвот пред околу две недели. Денеска се пријавени 52.600 нови случаи, значително помалку од претходните скокови од 85.000 заразени во еден ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ