На состанокот што ќе се одржи по иницијатива на Франција и Бахреин, ќе се разговара за „ситуацијата на Блискиот Исток по воената операција што Вашингтон ја започна против Иран“, се наведува во соопштението на израелската мисија во ОН.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, како и одмаздата на Исламската Република со напади врз Израел и други земји во регионот.
„Употребата на сила од страна на САД и Израел против Иран и последователната одмазда на Иран низ целиот регион го поткопуваат меѓународниот мир и безбедност“, се вели во соопштението на Гутереш. Тој, исто така, повика на итно запирање на огнот и враќање на сите страни на преговарачка маса.
Израел и Соединетите Американски Држави го нападнаа Иран рано утрово, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нападите биле дел од поголема операција насочена кон „целосно уништување на иранската ракетната индустрија“.






