понеделник, 26 јануари 2026

Италијанскиот вицепремиер до Зеленски: Потпиши мировен договор што е можно побрзо

Италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата Лига Матео Салвини смета дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба што побрзо да потпише мировен договор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„По сите пари, труд и помош што ги доби, Зеленски уште се осмелува да се жали. Пријателе, ја губиш војната, ги губиш луѓето, ја губиш довербата и достоинството. Потпиши мировен договор што е можно побрзо“, рече Салвини за време на говорот пред партиските колеги.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани исто така го критикуваше Зеленски за говорот што го одржа на Светскиот економски форум во Давос. „Ми се чини дека тој не е многу фер кон Европа. Ми се чини дека Европа ја гарантираше независноста на Украина правејќи сè што е можно за да ѝ обезбеди на таа земја политичка, финансиска и воена поддршка“, рече Тајани.

Зеленски даде неколку критички оценки за Европа во својот говор во Давос. Тој особено ги критикуваше, како што изјави, недоволните мерки на Европската Унија во сузбивањето на руската „флота во сенка“.

„Европа сака да дискутира за иднината, но избегнува да дејствува денес, а токму денешните акции одредуваат каква иднина ќе имаме. Тоа е проблемот. Зошто американскиот претседател може да ги запре танкерите од „флотата во сенка“ и да ги прекине испораките на нафта, а Европа не може?“, праша Зеленски.

Тој исто така потсети дека стравот од руска одмазда ја спречил Европската комисија да го спроведе својот почетен план за заем за воени репарации за Украина, кој би се базирал на користење на замрзнати руски средства.

Зеленски исто така го критикуваше пристапот на Европа кон безбедносните прашања, вклучително и прашањето за Гренланд, нагласувајќи дека европската политика премногу често останува на ниво на дискусии, без конкретни чекори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ