Матарела рече дека поради актуелната пандемиска криза и лошите социо-економски услови во земјата, се чувствува должен да ја прифати одлуката на парламентот за негово повторно именување, пренесува Ројтерс. Осумдесетгодишниот Матарела, по потекло од Сицилија, пред да ја преземе претседателската функција беше министер во италијанската влада, а довербата од граѓаните ја стекна со мирен и скромен пристап во решавањето на политичките кризи и здравствените кризи предизвикани од ковид-19.
Во италијанскиот политички систем, претседателот е моќна фигура, може да назначи премиер и често е личноста која на себе го презема решавањето политички кризи. Во Италија, чија економија е трета по големина во еврозоната, владите во просек траат околу една година.
Во владејачката коалиција, предводена од премиерот Марио Драги, се очекува да се зголемат тензиите поради партиските борби пред националните избори кои треба да се одржат на почетокот на следната година.






