недела, 15 март 2026

Италијанската полиција ѝ запленила на мафијата имот вреден 800 милиони евра во Калабрија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за повеќе компании, супермаркети, еден од најголемите трговски центри во Калабрија, недвижности, вклучувајќи две луксузни вили, објави финансиската полиција. Запленети им се сметки, луксузни мотоцикли и еден автомобил ферари.

Италијанското правосудство ги истражувало браќата со години. Еден од нив е вмешан во судски процес кој уште трае, а почнал по антимафијашка операција во 2015 година.

Тоа се Франко, Паскалино и Марчело Пери, синови на Антонио Пери, убиен во 2003 пред еден од своите супермаркети, јавува агенцијата АГИ.

Според полицијата, тие стекнале „голем профит благодарение на врските со мафијата и кршејќи ги правилата на слободниот пазар“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ