Станува збор за повеќе компании, супермаркети, еден од најголемите трговски центри во Калабрија, недвижности, вклучувајќи две луксузни вили, објави финансиската полиција. Запленети им се сметки, луксузни мотоцикли и еден автомобил ферари.
Италијанското правосудство ги истражувало браќата со години. Еден од нив е вмешан во судски процес кој уште трае, а почнал по антимафијашка операција во 2015 година.
Тоа се Франко, Паскалино и Марчело Пери, синови на Антонио Пери, убиен во 2003 пред еден од своите супермаркети, јавува агенцијата АГИ.
Според полицијата, тие стекнале „голем профит благодарение на врските со мафијата и кршејќи ги правилата на слободниот пазар“.






