четврток, 11 декември 2025

Италија парично ги казнува постарите од 50 години кои не се вакцинирани, истото важи и за странците

Објавено на

часот

Сподели

Луѓето кои влегуваат во Италија од други земји на ЕУ кои ќе приложат доказ за целосна вакцинација или потврда дека се опоравиле од ковид-19, од вторник нема да мора да имаат и негативен тест како предуслов за влез во земјата.

Поради високо заразната варијанта омикрон досега тест беше задолжителен за сите, без разлика на статусот.

Од почетокот на јануари, вакцинацијата против ковид-19 е задолжителна за лицата над 50 години.

Од вторник, лицата од оваа возрасна група кои сè уште не се вакцинирани – или не примиле втора доза или бустер доза и покрај тоа што имале можност да го сторат тоа – ќе бидат казнети со 100 евра.

Мерката останува на сила до 15 јуни и се однесува на сите жители на возраст над 50 години, вклучително и странските државјани.

Од 15 февруари оваа возрасна група ќе треба да достави доказ за вакцинација или закрепнување од болест на работа или ќе биде принудена да работи од далечина доколку не е во можност да го стори тоа.

Оние кои ќе ги прекршат мерките се соочуваат со казни од 600 до 1.500 евра.

Промени има и кога станува збор за купување.

Од вторник посетителите на книжарниците, банките или канцелариите ќе треба да покажат потврди за вакцинација или за преболен ковид.

Тоа не е случај во супермаркетите и аптеките.

Во Италија, која има околу 60 милиони жители, речиси 81 отсто од вкупното население е вакцинирано против ковид-19.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ