четврток, 26 март 2026

Италија го потврди првиот европски случај на птичји грип Х9Н2 кај човек

Италија го потврди првиот случај на птичји грип Х9Н2 кај човек во Европа. Заразеното лице, кое допатувало надвор од континентот, е хоспитализирано во регионот Ломбардија, објави во среда италијанското Министерство за здравство. Ова е прв пат овој подтип на птичји грип да биде регистриран кај човек во Европа, објавува Јуроњуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Пациентот, кој има и други здравствени проблеми, е во болничка изолација каде што прима терапија. Министерството соопшти дека се преземени сите потребни мерки. „Веднаш се извршени сите потребни проверки, а контактите на заразеното лице се идентификувани како дел од рутинските активности за превенција и надзор“, се вели во соопштението.

Според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), од 1998 година до 27 февруари оваа година, 195 случаи на инфекција со вирусот A(Х9Н2) кај луѓе се регистрирани во светот. Случаите се пријавени во десет земји во Азија и Африка.

Агенцијата забележува дека никогаш немало кластери на заболени или пренос на вирусот од човек на човек. До зараза кај луѓето најчесто доаѓа преку директен контакт со заразени птици или контаминирани средини.

„Поединечните случаи на птичји грип кај луѓето не се неочекувани во областите каде што вирусот циркулира меѓу птиците“, додаде ЕЦДЦ. Во својот последен извештај објавен овој месец, ЕЦДЦ и Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) соопштија дека помеѓу 29 ноември минатата година и 27 февруари оваа година, пријавени се десет случаи на птичји грип кај луѓе, без смртни случаи.

Сите се пријавени во Азија: еден случај на A(Х5Н1) во Камбоџа и осум случаи на A(Х9Н2) и еден A(Х10Н3) во Кина. Врз основа на информациите добиени од италијанските служби за јавно здравје и познавањето на епидемиологијата на вирусот, ЕЦДЦ проценува дека ризикот за општата популација во Европската Унија и Европската економска зона поврзан со овој случај е многу низок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ