недела, 7 декември 2025

Италија формира прва „сајбер војска“: нова линија на одбрана во дигиталниот простор

Италија наскоро ќе формира сопствена „сајбер војска“ како дел од националната одбрана на дигиталниот домен, изјави министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во видео порака емитувана на технолошкиот настан Комо лејк, Кросето рече дека сајбер димензијата ќе стане оперативен домен „рамноправен на копно, море, воздух и вселената“ и дека нејзината одбрана бара трајни и интегрирани капацитети, објави Анса.

„Треба да се воспостави почетна структура која може да смета на 1.200 до 1.500 луѓе, од кои повеќето оперативци, но целта е да се постигне поголема, целосно автономна сила способна ефикасно да дејствува во целиот спектар на закани“, рече министерот.

Кросето најави дека новата национална сајбер сила ќе има цивилна и воена компонента способна да работи 24 часа на ден, седум дена во неделата, 365 дена во годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ