Париското државно обвинителство соопшти дека претресите ги спроведува единицата за сајбер криминал, со помош на Европол. Истрагата е поврзана со случај отворен во јануари 2025 година.
Во соопштението, обвинителството изјави дека операцијата е дел од напорите да се обезбеди дека платформата Икс е во согласност со францускиот закон.
Истрагата, предводена од француската полиција за сајбер криминал, беше проширена во јули 2025 година по извештаите за сексуално експлицитна „дипфејк“ содржина и материјал кој го негира Холокаустот што се дистрибуира на платформата.
Платформата Икс претходно го опиша проширувањето на истрагата како „политички мотивирано“ и ги отфрли обвинувањата дека манипулирала со својот алгоритам.
Канцеларијата на државниот обвинител исто така објави дека ја напушта платформата Икс и дека во иднина ќе комуницира со јавноста преку Линкдин и Инстаграм.
Обвинителите исто така рекоа дека Илон Маск и поранешната извршна директорка на платформата Икс, Линда Јакарино, се повикани на сослушувања закажани за април, како дел од истата истрага.
Компанијата Икс сè уште не коментирала за случајот.






