недела, 21 декември 2025

Исламски џихад го поддржува одговорот на Хамас на американскиот план за Газа

Палестинскиот Исламски џихад, сојузник на Хамас кој учествуваше во нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година, го поддржа одговорот на групата на американскиот план за прекин на војната во Газа.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поддршката на Исламски џихад на планот би можела да го олесни ослободувањето на заложниците што ги држат двете групи во Газа. „Одговорот на Хамас на планот на Трамп го претставува ставот на палестинските фракции на отпорот, а Исламски џихад одговорно учествуваше во консултациите што доведоа до оваа одлука“, се вели во соопштението.

Планот на САД и реакцијата на Хамас го подигнаа расположението кај трауматизираните жители на Газа, која е сведена на урнатини по две години израелски воздушни напади.

„Ова е добра вест, ги спасуваат оние што сè уште се живи, спасуваат луѓе и фала му на Бога што (Хамас) се согласи. Доста е, добри луѓе. Уморни сме, се колнам во Бога, уморни сме, уморни“, рече 32-годишниот Палестинец Сауд Карнејта.

Началникот на Генералштабот на израелската војска преку соопштение им нареди на силите да ја унапредат подготвеноста за спроведување на првата фаза од планот на Трамп, без да спомене дали ќе има намалување на воените активности во Газа.

Хамас, палестинската милитантна група што ја контролира Газа, одговори на планот од 20 точки на Трамп откако американскиот претседател ѝ даде рок на групата до недела да го прифати или да се соочи со сериозни последици.

Трамп, кој се претставува како единствена личност способна да постигне мир во Газа, инвестираше значаен политички капитал во напорите за завршување на двегодишната војна во која загинаа десетици илјади луѓе и го остави сојузникот на САД Израел сè повеќе изолиран на светската сцена.

Во петокот, Трамп рече дека верува оти Хамас покажал дека е „подготвен за траен мир“ и го стави товарот на одговорноста врз владата на Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ