понеделник, 30 март 2026

Исламската држава ја потврди смртта на својот лидер, избран е нов

Објавено на

часот

Сподели

Американските власти соопштија дека тој се разнел заедно со членовите на неговото семејство додека американските сили вршеле рација во неговото скривалиште во северозападниот сириски град Атмех, во близина на границата со Турција, на 3 февруари.

Во аудио порака објавена во четвртокот, портпаролот на Исламската држава Абу Омар ал-Мухаџер ја потврди смртта на лидерот во рацијата, како и смртта на поранешниот портпарол на групата Абу Хамза ал-Кураши, пренесе Вашингтон пост.

Ал-Мухаџер исто така рече дека Исламската држава го именувала Абу ал-Хасан ал-Хашеми ал-Кураиши како наследник на поранешниот лидер, додавајќи дека бил избран за следен калиф од страна на починатиот лидер.

Смртта на 45-годишниот Кураиши претставува уште еден тежок удар за Исламската држава две години откако насилната група сунитски муслимани го загуби долгогодишниот лидер Абу Бакр ал-Багдади во сличен напад во 2019 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ