„Најавуваме, повикувајќи се на Бога, благословена кампања на одмазда“ поради смртта на Абу Ибрахим ал Курејши, се наведува во аудиопораката која се припишува на терористичката група на апликацијата Телеграм.
Новиот портпарол на ИСИС Абу Омар ал Мухаџир исто така ги повика поддржувачите да ги продолжат нападите во Европа, користејќи ја приликата додека „крстоносците се борат едни против други“, алудирајќи на руската инвазија на Украина.
Претходниот лидер на милитантите умре на почетокот на февруари кога детонираше бомба за да избегне фаќање за време на американска рација на северозападот на Сирија, соопштија Белата куќа и Пентагон.
На 10 март групата ја потврди неговата смрт, заедно со поранешниот портпарол, именувајќи го Абу Хасам ал Хашеми ал Курајши за нов лидер.
Малку се знае за новиот лидер, кој е трет шеф на џихадистичката група од нејзиното формирање.
Откако во март 2019 ја загубија својата последна територија, остатоците од милитантната група ИСИС во Сирија главно се кријат по пустински засолништа.
Тие ги користат таквите засолништа за заседи и напади на силите на Курдите и војниците на сириската влада. Џихадистите продолжуваат и со напади во Ирак.






