четврток, 22 јануари 2026

Исчезна авион во Индонезија: Изгубен контакт за време на летот, потрагата е во тек

Авион АТР 400 на летот од Џогјакарта за Макасар изгуби контакт во близина на подрачјето Марос во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Авионот на „Индонезиски воздушен транспорт“ требало да слета на Меѓународниот аеродром „Султан Хасанудин“ во Макасар, а контактот наводно бил изгубен околу 13 часот и 17 минути по локално време додека авионот летал над областа Марос, пренесува Синхуа.

Индонезиската агенција за пребарување и спасување Басарнас во Макасар соопшти дека екипи биле испратени на сомнителна локација откако добиле координати од ЕрНав Индонезија.

Според извештаите, пребарувањето се спроведува во областа Леанг-Леанг во подрачјето Марос.

Шефот на операциите на Басарнас Макасар, Анди Султан, изјави дека првичните информации укажуваат дека авионот бил на пат кон Макасар кога бил изгубен контактот.

Во заедничка операција за пребарување и спасување учествуваат три екипи со околу 25 луѓе.

Шефот на полицијата во регентскиот округ Марос, Даглас Махендраџаја, изјави дека полицијата истражува извештаи за губење на контакт со авионот, додавајќи дека информациите сè уште не се официјално потврдени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ