сабота, 31 јануари 2026

Иранскиот претседател: Западот ги искористи нашите проблеми за да нè дестабилизира

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека американските, израелските и европските лидери ги експлоатирале економските проблеми на Иран за да поттикнат немири и да им дадат на луѓето средства да ја „растргнат нацијата“ за време на неодамнешните протести.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двонеделните протести низ земјата, кои започнаа кон крајот на декември поради економската криза обележана со вртоглава инфлација и зголемување на трошоците за живот, беа задушени по крвавата пресметка меѓу клерикалните власти и демонстрантите.

Американската група за човекови права, ХРАНА, тврди дека во немирите се убиени најмалку 6.563 лица, вклучувајќи 6.170 демонстранти и 214 припадници на безбедносните сили.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави за Си-ен-ен Турција дека се убиени 3.100 лица, вклучувајќи 2.000 припадници на безбедносните сили.

Американските, израелските и европските лидери се обидоа да „провоцираат, да создадат поделби и да обезбедат ресурси, вовлекувајќи некои невини луѓе во ова движење“, рече Пезешкијан во пренос во живо на државната телевизија.

Трамп, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Европејците „ги искористија нашите проблеми, провоцираа, бараа и сè уште бараат да го фрагментираат општеството“, рече Пезешкијан.

Претседателот на САД Доналд Трамп изрази поддршка за демонстрантите, велејќи дека САД се подготвени да преземат акција доколку Иран продолжи да убива демонстранти. Американските претставници во петокот изјавија дека Трамп разгледува различни опции, но сè уште не одлучил дали да го нападне Иран.

Израелскиот портал Инет во петокот објави дека американски разорувач се закотвил во израелското пристаниште Еилат.

Регионалните сојузници, вклучувајќи ги Турција, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, вложуваат дипломатски напори за да спречат воена конфронтација меѓу Вашингтон и Техеран.

САД побараа Иран да ја ограничи својата ракетна програма ако сака да ги продолжи разговорите, но Иран го отфрли барањето.

Аракчи во вторникот во Турција изјави дека ракетната програма никогаш нема да биде предмет на преговори.

Како одговор на заканите на САД за воена акција, Аракчи рече дека Техеран е подготвен и за преговори и за војна и е подготвен да соработува со земјите во регионот за промовирање на стабилност и мир.

„Промената на режимот е целосна фантазија. Некои наседнаа на оваа илузија“, изјави иранскиот министер за надворешни работи за Си-ен-ен Турција. „Нашиот систем е толку длабоко вкоренет и цврсто воспоставен што доаѓањата и заминувањата на поединците не прават никаква разлика“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ