недела, 22 февруари 2026

Ирански официјален претставник: Техеран и САД имаат различни мислења за укинување на санкциите

Иран и САД имаат различни мислења за обемот и механизмот за укинување на санкциите врз Техеран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма, пренесе денес Ројтерс, повикувајќи се на неименуван ирански функционер.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Официјалниот претставник изјави дека нови разговори на оваа тема се планирани за почетокот на март.

Тој додаде дека Техеран сериозно би можел да размисли за комбинација од извоз на дел од своите залихи на високо збогатен ураниум (ВЗУ), што би ја разводнило чистотата на ВЗУ, но за возврат ќе бара Иран да има право на „мирно збогатување на нуклеарен ураниум“.

“Преговорите продолжуваат и постои можност за постигнување привремен договор”, рече официјален претставник.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во петокот изјави дека очекува нацрт контра-предлогот на Иран да биде готов во рок од неколку дена по нуклеарните разговори со САД оваа недела.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека разгледува потенцијални ограничени напади врз Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ