вторник, 13 јануари 2026

Ирански функционер: Околу 2.000 лица загинаа во протестите (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Иранските власти за прв пат јавно го признаа обемот на крвавото задушување на демонстрациите, наведувајќи дека околу 2.000 лица, вклучувајќи и припадници на безбедносните сили, загинале во бранот протести низ целата земја.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Ројтерс, изјавата ја дал висок ирански функционер, кој за насилството ги обвини, како што ги нарече, „терористите“, без да наведе колку од загинатите се цивили, а колку припадници на полицијата и Револуционерната гарда.

Иранските власти претходно ги обвинија САД и Израел за организирање масовни протести во земјата кои траат од 28 декември минатата година.

Протестите, првично предизвикани од тешката економска состојба и девалвацијата на националната валута, набрзо добија политичка димензија.

Според американската организација „Хјуман рајтс активистс њуз“, повеќе од 10.700 лица биле приведени за време на двонеделните протести, додека вкупно 646 лица загинале, вклучувајќи 512 демонстранти и 134 припадници на безбедносните сили, пренесува Ројтерс.

Поради прекинот на интернетот, независната проценка на обемот на протестите и бројот на жртви од странство е отежната, а иранските власти не објавија официјален биланс на загинати, наведува агенцијата.

Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен објави снимки од периферијата на Техеран, на кои се гледа импровизирана мртовечница во судскиот медицински центар „Кахризак“, која е преполна со вреќи со тела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ