петок, 10 април 2026

Иранската војска пред преговорите: Нашите прсти се на чкрапалото

Иранската војска соопшти дека „ги држи прстите на чкрапалото“ поради постојаното „кршење на довербата“ од страна на САД и Израел, објави Централната команда на „Хатам ал-Анбија“, пренесе новинската агенција Тасним.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Военото тело додаде дека Иран нема да се откаже од Ормускиот теснец, врз кој ја презеде контролата.

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека преговорите со САД не можат да започнат сè додека не се исполнат два клучни услови, прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатите ирански средства.

„Две мерки за кои страните меѓусебно се согласија сè уште не се спроведени, прекин на огнот во Либан и ослободување на замрзнатите ирански средства пред почетокот на преговорите“, напиша Галибаф во објава на социјалната мрежа Икс.

„Овие две прашања мора да бидат исполнети пред да започнат преговорите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ