четврток, 9 април 2026

Иранска делегација ќе отпатува во Исламабад за преговори

Иранскиот амбасадор во Пакистан, Реза Амири Могадам, изјави дека иранска делегација ќе пристигне во Исламабад до крајот на денот за преговори, кои се базираат на мировниот план на Иран од десет точки.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Могадам во објава на платформата Икс изјави дека делегацијата доаѓа во Исламабад и покрај иранскиот „скептицизам“ во врска со напорите на израелската влада да ја „саботира дипломатската иницијатива“, објави Ал џезира.

„И покрај скептицизмот на иранската јавност поради повторените прекршувања на прекинот на огнот од страна на израелскиот режим, со цел да се саботира дипломатската иницијатива, на повик на премиерот Шехбаз Шариф, иранската делегација пристигнува вечерва во Исламабад за сериозни преговори засновани на десетте точки што ги предложи Иран“, изјави Могадам.

Двонеделен прекин на огнот помеѓу Соединетите Американски Држави и Иран е постигнат во вторникот доцна навечер, овозможувајќи продолжување на преговорите за траен прекин на конфликтот.

Во меѓувреме, Америка го прекрши примирјето, Израел продолжи со напади на Либан, а двете страни прогласија победа по објавеното примирје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ