понеделник, 30 март 2026

Иранците им порачаа на Американците: Мора да донесете одлука за нуклеарниот договор

Објавено на

часот

Сподели

Напорите за постигнување договор паднаа во ќор-сокак откако Русија поднесе ново барање во последен момент, принудувајќи ги другите сили да ги паузираат преговорите на неодредено време и покрај тоа што текстот бил во голема мера завршен.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан утре ќе ја посети Русија, изјави портпаролот на министерството без да навлегува во детали. Иранскиот Нур њуз ја опиша посетата на Москва како платформа за сериозни и искрени разговори ориентирани кон иднината, истакнувајќи дека двете земји покажале дека можат многу тесно, одлучно и успешно да соработуваат за сложени прашања.

„Во моментов имаме пауза од нуклеарните преговори. Не сме во позиција сега да го објавиме договорот бидејќи има некои важни отворени прашања за кои Вашингтон мора да донесе одлука“, рече иранскиот портпарол.

Стејт департментот во петокот рече дека Вашингтон сè уште верува дека потенцијалниот договор за враќање на договорот од 2015 година е блиску, но исто така нагласи дека одлуки треба да донесат Техеран и Москва.

На 5 март, рускиот министер за надворешни работи повика на широки гаранции дека руската трговија со Иран нема да биде засегната од санкциите наметнати на Москва поради нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, која западните сили ја оценија како неприфатлива, а Вашингтон инсистира на тоа дека нема да се согласи.

Неуспехот на преговорите може да му овозможи на Техеран да се приближи до развој на нуклеарно оружје, што може да предизвика нова војна на Блискиот Исток. Но, Техеран со внимателен оптимизам ги оцени изгледите на преговорите кои траат веќе 11 месеци.

„Ќе останеме на виенските преговори се додека не се исполнат нашите законски и логични барања и не се постигне цврст договор“, изјави Али Шамхани, секретар на Врховниот национален совет за безбедност, кој носи одлуки во Виена.

Во меѓувреме, во Вашингтон, 49 од 50 републикански сенатори изјавија дека нема да го поддржат нуклеарниот договор со Иран, нагласувајќи го противењето на својата партија на обидите за спасување на договорот од 2015 година.

Тие во заедничка изјава ветија дека ќе направат сè што е во нивна моќ да го поништат договорот, кој целосно не ја блокира способноста на Иран да развие нуклеарно оружје, да се ограничи иранската балистичка програма и да се спротивстави на иранската поддршка за тероризмот.

Катарскиот министер за надворешни работи шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани изјави дека разговарал за нуклеарните преговори со рускиот колега Сергеј Лавров за време на посетата на Москва, без да навлегува во детали.

Тензиите дополнително се зголемија откако Иран вчера истрела десетина проектили врз Ербил во Ирачки Курдистан, а се чини, дека нападот за цел ги имал САД и нивните сојузници.

Иранските државни медиуми објавија дека Револуционерната гарда извршила напад врз стратешки израелски центри во Ербил, што укажува на тоа дека се работи за одмазда за неодамнешните израелски воздушни напади во Сирија во кои загинаа ирански војници. Иран, исто така, објави дека ја суспендира петтата рунда преговори закажани за оваа недела во Багдад со регионалниот ривал Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ