петок, 3 април 2026

Иран тврди: Соборивме американски Ф-35

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврди дека соборила уште еден американски борбен авион Ф-35 над централен Иран, според објава на Телеграм што ја пренесе новинската агенција Фарс.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата се наведува дека авионот бил „целосно уништен и срушен“, а поради обемот на оштетувањето нема информации за пилотот.

Иранската новинска агенција Мехр исто така наведува дека е малку веројатно пилотот да успеал да се катапултира поради „силната експлозија“ при падот.

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) сè уште не одговорила на овие тврдења, но претходно ги оспори тврдењата на ИРГЦ дека бил соборен американски борбен авион.

Некои воени аналитичари на социјалните медиуми сугерираат дека може да станува збор за Ф-15е, а не за Ф-35.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ