Авионот наводно бил пресретнат над јужниот ирански брег, објави полуофицијалната новинска агенција ИСНА, повикувајќи се на соопштение од Здружениот штаб за воздушна одбрана на Иран, пренесува агенцијата Анадолија.
Iranian air defenses engaged an F-15 jet near the Strait of Hormuz.
Two small missiles apparently missed the target, and then jet deployed flares. pic.twitter.com/iaLTKPUdFJ
— Clash Report (@clashreport) March 22, 2026
Според Здружениот штаб за воздушна одбрана на Иран, непријателски ловец Ф-15 бил откриен и следен во близина на јужниот брег на земјата, околу Ормускиот теснец.
Потоа авионот бил погоден од ракета земја-воздух истрелана од воените системи за воздушна одбрана.
Засега нема независна потврда за овој настан, а не се објавени детали за судбината на пилотот или остатоците од авионот.
Кабинетот за односи со јавност на војската соопшти дека истрагите се во тек за да се утврди судбината на нападнатиот авион.






