Во соопштението, кое исто така вклучуваше фотографија на која наводно се прикажани остатоци од беспилотното летало „хермес“, се вели дека дронот е соборен во областа Вејсијан и дека тоа „го истакнува нивото на подготвеност на иранските одбранбени сили и воздушната одбрана на Корпусот на Исламската револуционерна гарда за справување со закани“.
„Соборениот дрон е од типот „хермес“, едно од најнапредните извидувачки беспилотни летала за собирање информации во светот“, се вели во соопштението.
Iran’s air defence is not completely gone. Yesterday in Hamedan, an Iranian long-range SAM targeted a fighter but was jammed by EW systems. Also yesterday, an Iranian SAM shot down a Hermes 900 UAV. They seem to be playing it safe and smart for as long as they can. #IranWar 🇺🇸🇮🇷 pic.twitter.com/DNtAH7eMI0
— 𝐊𝐔𝐍𝐀𝐋 𝐁𝐈𝐒𝐖𝐀𝐒 (@Kunal_Biswas707) March 2, 2026
Беспилотните летала „хермес“ се произведуваат од израелската компанија „Елбит системс“, која претходно објави дека серијата „хермес 900“ помогнала во лоцирањето на десетици скриени ирански лансери за балистички ракети за време на јунската војна меѓу Израел и Иран.
Покрај лоцирањето на иранските лансери за балистички ракети, „хермес 900“ помогна во нападите врз мобилните системи за воздушна одбрана на Иран, радарските инсталации и складиштата за муниција, рече Амир Бетеш, потпретседател за маркетинг и бизнис развој на беспилотни воздушни системи во Елбит системс.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Министерството за одбрана претходно ја нагласија значајната улога на беспилотните летала во израелската воздушна војна против Техеран.
Покрај „хермес 900“, Елбит го продава и „хермес 450“, еден од најчесто користените беспилотни летала, познат во ИДФ како „зик“. Во 2024 година претставен е и „хермес 650“, кој има за цел да ја комбинира пристапноста на моделот 450 со некои од понапредните авионски, сателитски и други технолошки можности на 900.






