петок, 12 декември 2025

Иран разви ракета со дострел од речиси 1.500 километри (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ракетата била претставена за време на посетата на највисоките ирански воени функционери на ракетните бази на Револуционерната гарда (ИРГЦ).

„Ова стратегиско оружје е ракета со долг дострел од третата генерација која ја разви ИРГЦ, се погонува со цврсто гориво и е способна да ги пробие ракетните штитови со високата маневарска способност“, пренесува Тасним.

„Модифицираниот дизајн на „хеибаршекан“ за третина ја намали неговата тежина во однос на сличните ракети“, додаде агенцијата истакнувајќи дека времето за подготовка за нејзино лансирање е скратено до шест пати.

[video:https://youtu.be/wEtyZy_yOxE autoplay:0]

Шефот на оружените сили Мохамед Багери во оваа прилика кажа дека Иран ќе продолжи да ја развива својата ракетна програма, и по квалитет и по квантитет.

Делегатите во Виена тврдат дека не постигнале поголем напредок од обновувањето на преговорите во ноември. Западните сили веруваат дека останало малку време пред Иран да развие нуклеарни капацитети кои договорот од 2015 ќе го направат излишен.

Највисокиот ирански безбедносен функционер Али Шамхани го критикуваше американскиот пристап.

„Гласовите од американската влада покажуваат дека во таа држава не постои кохерентност за да се донесат политички одлуки во насока на напредок на преговорите во Виена“, напиша Шамхани на Твитер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ