петок, 30 мај 2025

Иран претстави нова балистичка ракета (ВИДЕО)

Иран вчера претстави нова балистичка ракета со дострел до 1.200 километри, објавија државните медиуми. „Балистичката ракета на цврсто гориво Касем Басир, со дострел од најмалку 1.200 километри, е најновото одбранбено достигнување на Иран“, објави иранската државна телевизија.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Западните земји се загрижени за напредокот на програмата за балистички ракети на Иран, кој веќе е обвинет за дестабилизација на Блискиот Исток, а чии ракетни капацитети го ставаат Израел, неговиот заколнат непријател, во дострел на огнот. Државната телевизија објави видео од лансирањето на новата ракета за време на интервју со министерот за одбрана, генерал Азиз Насирзадех.

„Доколку нè нападнат и започнат војна против нас, ќе возвратиме насилно и ќе ги таргетираме нивните интереси и бази“, рече министерот. Тој додаде дека Иран „не негува непријателство кон соседните земји, но американските бази се иранска цел“.

Претставувањето на новата ракета доаѓа во време кога Техеран и Вашингтон водат разговори со посредство на Оман од 12 април, први на тоа ниво откако САД се повлекоа од меѓународниот договор за ограничување на нуклеарната програма на Иран. На почетокот на мај, американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Фокс њуз го повика Иран да „се откаже од изградбата на ракети со долг дострел кои немаат друга цел освен поседување нуклеарно оружје“.

На 27 април, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повика на договор со Техеран што би „ги елиминирал капацитетите за збогатување ураниум на Иран“ и би го лишил Иран од балистички ракети.

Техеран отфрли какви било разговори со Вашингтон за своите воени и одбранбени капацитети, вклучително и за програмата за балистички ракети.

Трамп се закани дека ќе го бомбардира Иран ако дипломатијата не успее и воведе дополнителни санкции врз нафтениот сектор на Иран. На почетокот на февруари, Иран претстави уште една балистичка ракета, со наводен дострел до 1.700 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ